Косово и Македонија наскоро може да постигнат договор според кој граѓаните на двете земји ќе патуваат само со лични карти.
Заедничкиот договор постои можност да се потпише до крајот на месецот, објавува порталот на албански јазик Порталб.мк.
Порталот ги контактираше косовските власти, кои рекле дека договорот се разгледува од страна на експерти, и дека тој процес се очекува да биде финализиран многу скоро.
„Во декември почнавме со процедурата за издавање на биометриски документи. Министерот Реџепи оствари средба со министерката Јанкуловска во декември и првата верзија на договорот е подготвена. Се очекува дека по преглед на експертски групи, тој ќе биде потпишан .. Сè оди добро и потпишувањето на договорот може да го очекуваме во март“, изјави за Порталб, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Косово, Фисник Реџепи.
Македонските власти потврдија дека постои политичка волја да се постигне договор, кој предвидува олеснување на движењето на граѓаните меѓу двете земји, користејќи лични карти само за оваа намена и дека нема пречка што ќе ги поткопа неговото потпишување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба