Во мултимедијалниот центар „Матица екслузив“ денеска беше промовирана колор-монографијата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“ од проф.д-р Димитар Ќорнаков, долгогодишен истражувач на богатото културно наследство на нашата земја. За вредностите на ова ретко дело говореше проф.д-р Ратомир Гроздановски.
-Соборните храмови во Македонија од времето на Преродбата, заземаат значајно место во културната историја на Македонија. Тие се споменици на културата со извонредни историско-уметнички вредности, исполнети со богати содржини: архитектура, фрескоживопис, иконопис и резбарски дела, рече Гроздановски.
Димитар Ќорнаков ( Стојаково, 1927) е автор на монографските дела: „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век“, „Македонска резба“, „Македонски манастири“, „Резбарски центри во Македонија“, „Петре Гарката“, „Од Првиот грев до Страшниот суд“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Копаничарот Макариј од Галичник“, „Полошки манастир Св.Ѓорѓи“, „Слимнички манстир“, „Царски двери“, „Копаничасот Димитар Станишев од Крушево“ , „Од Рождество до Распетие и Воскресение“ и др.
За своето творештво е добитник на бројни општествени признанија и награди, а во 2008 година му беше доделена наградата „Св. Климент Охридски“ за животно дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски