Директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Албанија и Косово, Белим Незири, Вјолца Брахо и Сами Салиху денеска и утре одржуваат работна средба чија цел е да се разменат податоци, информации и искуства, за да се направат напори да се отстранат техничките проблеми при функционирањето на Договорот за социјално осигурување со Косово и да се изработи драфт-верзија за ист таков договор меѓу Македонија и Албанија.
– Договорот меѓу Македонија и Косово стапи на сила во ноември, со кој двете земји се обврзани да го признаат стажот на граѓаните од двете држави се до стекнување на минимална пензија. На крај на состанокот очекуваме да најдеме начин да ги отстраниме
техничките проблеми во неговото спроведување, а работите кои тој не ги дефинира поконцизно, тоа да го направи со други правни акти кои ќе се темелат на Договорот – рече Незири.
Според информациите со кои располага Фондот на ПИОМ, околу 2.500 македонски граѓани ќе можат да се стекнат со право на пензија доколку им се признае стажот од работата во Косово, а околу 2.000 косовски граѓани би оствариле ова право доколку им се признае
работниот стаж од Македонија.
Неговиот косовски колега го дели ставот на Незири оти има технички проблеми во практичното спроведување на постигнатиот и потпишан Договор за социјално осигурување и оти тие треба да се отстранат во интерес на граѓаните.
– Ќе направиме напори да се отстранат сите пречки тој да може да се имплементира. Ќе се осврнеме и на работите кои не се опфатени во Договорот, за да може тој полесно да се спроведува – рече Салиху.
Директорката на пензискиот фонд во Албанија истакна дека договарањето со Македонија е во завршна фаза и оти кога ќе биде постигнат договор сите граѓани на Македонија кои живееле и работеле во Албанија и обратно, ќе им биде признаен стажот без разлика каде одлучиле да живеат.
– Таков договор е многу битен чекор за да им се обезбеди на сите граѓани да можат да си го остварат правото на пензија – рече таа.
Во Албанија последно зголемување на пензиите имало во 2012, а просечната пензија е 100 евра. Во Косово просечната пензија е 112 евра, а во Македонија околу 170 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба