Во Културниот центар „Феникс“, на 13 февруари, со почеток во 11 часот, ќе се одржи ликовниот перформанс „Познатите сликаат“, на кој ќе се слика исклучително со природни бои. Намерата на организаторите – Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ и Издавачката куќа „Феникс“ е да се направи експеримент при што творците ќе користат: варѕило, вино, чај, кафе, спанаќ, цвекло, лушпи од кромид, жолчка од јајце и други слични материјали.
На природен и здрав еколошки начин со органски продукти повеќе ликовни творци, писатели и други познати личности ќе се обидат да создадат креативни и иновативни дела, а нивните нови ликовни творби ќе бидат дел од постојната збирка на „Галеријата на познатите“, која веќе има повеќе седумдесет дела од педесет познати и значајни автори.
Ликовниот перформанс ќе се одржи во рамките на „Фестивалот на чајот и на читањето“, кој се одржува од 4 февруари и ќе трае до 8 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


