Премиерот Никола Груевски очекува со изградбата на 80 хидроелектрани да се привлечат домашни и странски инвеститори, а реализацијата да чини 170 милиони евра.
– Кога целосно ќе се комплетира, ќе има влијание врз градежниот сектор додека се гради и ќе отвори нови работни места за време на нивната градба, а секако ќе отвори и значајна бројка на нови работни места откако ќе бидат изградени – изјави Груевски.
– Станува збор за интересен пакет кој го конструиравме на начин да биде поатрактивни за инвеститорите затоа што некои од хидроелектраните не се толку атрактивни сами по себе, но ставени во пакeт со други поатрактивни ќе бидат поинтересни за инвеститорите – истакна премиерот.
Нагласи дека во подготвителната фаза пред објавувањето на повикот со потенцијалните инвеститори дискутирале за понудените пакети за да го опипаат нивниот интерес и да ги чујат коментарите.
Предвидено е градбата да трае околу 3 години и 20 години да има експлоатација на тие хидроелектрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.