| четврток, 6 декември 2018 |

Малите хидроцентрали во Кавадарци лани произвеле 6.936.828 мегават-часови

хидро
Четирите мали хидроцентрали во Кавадарци лани произвеле 6.936.827 мегават-часови електрична енергија, информираа денеска од јавното градско претпријатие „Комуналец“.
– Во првите седум месеци малите хидроцентрали „Лукар“ работеа без поголеми застои и се движеа во границите на планираното производство – соопштија од претпријатието.Оттаму објаснуваат дека застоите, главно, биле краткотрајни испади на далноводот поради невреме и дефекти на самиот далновод. Намален капацитет на работата имало при намален доток на вода и тоа особено во август и септември.

– И покрај одредени проблеми, благодарение на брзите интервенции, го исполнивме планираното производство на електрична енергија – нагласија од „Комуналец“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top