| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Преку проектот за изградба на мали хидроцентрали потпишани 65 договори за концесија

хидро

Преку проектот за изградба на мали хидроцентрали се потпишани 65 договори за концесија.

Премиерот Никола Груевски истакна дека 35 се изградени и пуштени во комерцијална работа, 5 се готови и во јануари ќе почнат со работа.

-Овие 40 се изградени, а други 15 се градат и ги имаат потребните дозволи. Десет од нив се во фаза на вадење одобренија за градба, истакна премиерот.

Проценетата вредност на хидроцентралите е околу 120 милиони евра.

-Тоа подразбира ангажирање на македонската градежна оператива во изградбата, домашни материјали за поврзување и вмрежување, како и минимум 100 нови вработувања

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top