| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени концесии за изградба на три мали хидроцентрали на Маркова Река

хидро

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и претставникот на друштво Индиго Хидро Македонија ДОО Скопје, денеска потпишаа Договор за концесија за користење на вода и изградба на три мали хидроелектрани на Маркова Река.

Како што информираат од МЖСПП, доделувањето на концесии за користење на вода за производство на електрична енергија на оваа локација е во рамките на шестиот тендер за мали хидроелектрани.

– По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија, Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за избор на најповолна понуда и за доделување на концесија за користење на вода од Маркова Река, со изградба на три хидроелектрични централи во група. Согласно, оваа одлука избраниот понудувач, Индиго Хидро Македонија ДОО Скопје, ги исполни сите услови од тендерот и со него се склучи Договор за концесија за користење на вода и изградба на МХЕЦ Маркова 143, 144 и 145, со вкупна инсталирана моќност од 1752,80 киловати – соопшти МЖСПП.

Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу 4 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top