Вчеравечер во „Концепт 37“ се одржа мултимедијален перформанс, а за прекрасната атмосфера придонесоа изложбата на 13 фотографии на Томислав Георгиев и на Роберт Атанасовски.

Врз основа на овие фотографии, нашите писатели, поети и новинари, Никола Маџиров, Ирена Јорданова, Николина Андова, Иван Шопов, Ана Голејшка, Дарко Лешоски, Биљана Стојановска и Маја Васева напишаа свои творби.

Овие литературни записи пак, ги интерпретираа креативците од Инка“, Кристина Тодороска – Петреска и Климент Попоски, а изложбата ја отворија продавачите на „Лице в лице“, Анабела Мередиева и Армандо Реџепи.

Перформансот беше проследен со музика а по официјалниот дел, присутните се забавуваа со диџејскиот сет на Ненад Тонкин.
Присутните имаа можност да го купат и деветтиот број на нашето улично списание, како и дел од обележувачите за книги и разгледниците на „Лице в лице“.

Настанот е дел од Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, кој „Лице в лице“, како и останатите улични весници и списанија членки на INSP, од трети до деветти февруари ја одбележува насекаде низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


