| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатна храна и екскурзии за учениците во општина Карпош

Prvacinja skolo prv den ucenici (3)Од први март првачињата од општина Карпош ќе имаат бесплатни ужини, а останатите основци бесплатно ќе одат на еднодневни екскурзии на пролет, соопшти градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Одлуката, како што рече, беше едногласно прифатена од Советот на општина Карпош во рамки на измените и дополнувањата на Програмата за дејноста образование за 2014 година.
– Ваквата одлука е од големо значење за децата и за родителите бидејќи основната цел ни е да им олесниме на родителите, граѓани на општина Карпош. Со ваквата постапка одговорно ги распределуваме средствата кои ни се на располагање и ги насочуваме во вистински правец- рече Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top