Од први март првачињата од општина Карпош ќе имаат бесплатни ужини, а останатите основци бесплатно ќе одат на еднодневни екскурзии на пролет, соопшти градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Одлуката, како што рече, беше едногласно прифатена од Советот на општина Карпош во рамки на измените и дополнувањата на Програмата за дејноста образование за 2014 година.
– Ваквата одлука е од големо значење за децата и за родителите бидејќи основната цел ни е да им олесниме на родителите, граѓани на општина Карпош. Со ваквата постапка одговорно ги распределуваме средствата кои ни се на располагање и ги насочуваме во вистински правец- рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Десетици ученици загинаа кога автобус се преврте од надојдените води
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Досетлив ученик: Доколку добијам единица за ова драга наставничке се гледаме во Стразбур во Судот за човекови права!


