| четврток, 6 декември 2018 |

Досетлив ученик: Доколку добијам единица за ова драга наставничке се гледаме во Стразбур во Судот за човекови права!

На интернет се шири една интересна приказна за малечко дете од првиот училишен ден, која ќе ве насмее и ќе ви го разведри денот.

Со почетокот на новата училишна година, повеќето ученици како прва задача добиваат состав на тема “Како го поминав летниот распуст”. Токму тоа повторување секоја година може да ве доведе до лудило, но и да инспирира поединци.

Така, писмената задача на еден основец стана хит на социјалните мрежи и не’ потсети на училишните денови, на оние убавите но и помалку убавите. Корисниците на социјалните мрежи со гордост го споделуваат и коментираат, а текстот оди вака:

“Како го поминав летниот распуст – никој не треба да го интересира. Ова е моја лична работа, како што е и летото – мое лично време за одмор и не морам за тоа да поднесувам извештај во овој состав.

Треба да се почитуваат човековите права! Доколку добијам единица за ова, тогаш драга моја наставничка, се гледаме на Судот за човекови права во Стразбур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top