По предупредувањето на САД дека е можно терористи да шверцуваат експлозив во амбалажа од паста за заби и дека, можеби, се тргнати за Сочи, европските земји спроведоа низа апсења на сомнителни патници, пренесуваат светските медиуми.
Американските власти им издале предупредување на повеќе авиокомпании дека терористите би можеле да се обидат да пренесуваат експлозив во пасти за заби и известиле за неколку апсења во Франција и Австрија.
Првата трага водела кон чеченската дијаспора во Виена, а според американската станица „Си-Би-Ес“, спроведените истраги довеле до откривање на една терористичка група, која планирала напади во Сочи.
Лицата што биле уапсени во Франција сè уште се во притвор, а во Австрија приведените лица се пуштени на слобода поради недоволно докази, јавува „Си-Би-Ес“.
Според австрискиот „Прес“, кој се повикува на извори од кругови на чеченската дијаспора во Виена, уапсени се пет лица, но станувало збор исклучиво за мажи кои поради недостаток на докази се пуштени на слобода.
Во Австрија живеат околу 25.000 Чеченци, што претставува најголема чеченска дијаспора во светот, а веднаш по Австрија е Франција.
Австриските власти истакнуваат дека е докажано е дека во дијаспората постојат симпатизери на радикалниот исламизам и сепаратистичкиот табор на северен Кавказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автомобил влета среде пешаци – еден загинат во Сочи (ВИДЕО)
-
Илјадници девојки скијаат и бордаат скоро голи: Рускиот фестивал Богел – Вогел е рај за машки очи (фото)
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Патеката во Сочи останува во календарот на Формула 1 до 2025 година