Фудбалерите на Рома дојдоа до минимална предност против Наполи во полуфиналето од Купот на Италија во првиот натпревар откако славеа со резултат 3-2.
Рома дојде до големо водство во првото полувреме со головите на Жервињо и Стротман. На почетокот на второто полувреме голманот на Рома, Де Сантис не се снајде најдобро и постигна автогол кој им даде надеж на гостите.
Екипата на Наполи во 70. минута го изедначи резултатот преку Мертенс, но сепак Рома успеја да дојде до триумф во последните минути од натпреварот кога Жервињо со неговиот втор гол ги постави конечните 3-2.
Реванш натпреварот ќе се одигра за седум дена во Наполи.
AS Roma 3-2 Napoli by Ball-Control
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)