| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за култура: Дамјан Манчевски се служи со дезинформации

ministerstvo-za-kultura-640x320

„Дамјан Манчевски се служи со пласирање на дезинформации со кои се нарушува угледот на одредени фирми кои на транспарентен начин биле избрани, согласно сите важечки прописи во Република Македонија“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

„Во врска со прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ, Министерството за култура информира дека фирмата „Секјурити груп сервиси“ (СГС) која е задолжена за обезбедување, мониторинг и противпожарна заштита на објектот „Порта Македонија“ и Музејот на македонската борба е избрана во најтранспарентна постапка, на јавен повик како најповолен понудувач на електронска аукција, во согласност со Законот за јавни набавки“ пишува во реакцијата од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top