ЕУЛЕКС го уапси Ук Ругова, синот на поранешниот претседател Ибрахим Ругова, во нивниот дом во Приштина, како и уште седум лица што се поврзуваат со организиран криминал, јавија приштинските медиуми.
Адвокатот на Ук Ругова Бајрам Тмава потврди дека со налог на обвинителот на ЕУЛЕКС тој е уапсен и дека му одреден 48 часовен притвор.
Според Тмава ЕУЛЕКС се сомнева дека синот на поранешниот претседател на Косово бил вклучен во организиран криминал и злоупотреба на службена должност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.