| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид ќе добие современа градска марина

марина

Охрид ќе добие современа градска марина, најави градоначалникот Никола Бакрачески. Марината ќе се протега помеѓу двете пристаништа во центарот на градот.

–  Во овој момент се работи на идејно решение за тоа како ќе изгледа таа современа марина. Веднаш после тоа ќе се работи основниот проект за градба на марината што понатака ќе создаде предуслови за почеток на реализација на изведбените работи, вели Бакрачески градоначалник на Охрид.

Марината ќе ја задоволи потребата за паркирање и одржување на неколку стотина пловни објекти во езерото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top