| четврток, 6 декември 2018 |

Лијам Нисон ќе глуми свештеник во новиот филм на Скорсезе

nison

Познатиот актер Лијам Нисон според се уште непотврдени информации ја добил улога во филмот „Тишина“ на Мартин Скоресезе, објави „Дедлајн“

Во адаптација на делото на Шусаку Енд главен актерски тим ќе го сочинуваат и Ендрју Гарфилад и Кен Ватанабе.

Приказната во филмот е сместена во 17-иот век и следи двајца свештеници кои се соочуваат со прогон во текот на обид за ширење на христијанството во Јапонија.

Гарфилд најверојатно ќе го игра ликот на отец Родригез, а 61-годишниот Нисон ќе се најде во улогата на другиот свештеник, додека Ватанане ќе го толкува ликот на преведувачот кој им помага на двајцата свештеници.

Сценаристи на проектот се Џеј Кокс и Скорсезе, а снимањето би требало да почне подоцна оваа година на Тајван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top