| четврток, 6 декември 2018 |

Екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник – се изморив од парите и жените

Животниот пат на фудбалерите знае да биде навистина чуден откако ќе стават крај на своите играчки кариери, но сепак еден дефинитивно се издвојува од сите останати бидејќи се одлучи за професија која не само што нема никаква блискост со фудбалот, туку бара и жртва кога е во прашање семејството и забавниот живот.

Станува збор за поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Филип Малрајн, човек кој во периодот од 1996 до 1999 година беше член на легендарниот состав на „ѓаволите“ предовден од незаборавнио Сер Алекс Фергусон. Некогашниот фудбалер од Северна Ирска одлучи да стави крај на било каква поврзаност со фудбалот, станувајќи свештеник во римокатоличката црква.

– Не ми се допаѓаше звучноста која ја добивав од професионалниот фудбал. Парите, ноќниот живот, жените… Сето тоа беше добро додека имав 20 години, но како што одминуваше времето, станав комплетно незадоволен од мојот живот. Се изморив од сето тоа, сега го пронајдов мирот, – открива Малрајн во интервјуто за „Тајмс“.

Поранешниот фудбалер од Белфаст крај на својата кариера всушност стави во 2008 година, а од својата незаборавна етапа во Јунајтед сигурно најмногу ќе го памети тоа што соработуваше со играчи како Рајан Гигс, Пол Сколс и Дејвид Бекам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top