Познатиот актер Лијам Нисон според се уште непотврдени информации ја добил улога во филмот „Тишина“ на Мартин Скоресезе, објави „Дедлајн“
Во адаптација на делото на Шусаку Енд главен актерски тим ќе го сочинуваат и Ендрју Гарфилад и Кен Ватанабе.
Приказната во филмот е сместена во 17-иот век и следи двајца свештеници кои се соочуваат со прогон во текот на обид за ширење на христијанството во Јапонија.
Гарфилд најверојатно ќе го игра ликот на отец Родригез, а 61-годишниот Нисон ќе се најде во улогата на другиот свештеник, додека Ватанане ќе го толкува ликот на преведувачот кој им помага на двајцата свештеници.
Сценаристи на проектот се Џеј Кокс и Скорсезе, а снимањето би требало да почне подоцна оваа година на Тајван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како се бранеше попот: Јас сум курир, не сум дилер!
-
Молитва на свештеник ја згрози Англија: Принцот Џорџ да пронајде љубов во фин и млад господин
-
Скандалозен случај во Хрватска: Свештеник праќал непристојни фотографии и ги повикувал верничките на секс
-
Екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник – се изморив од парите и жените



