Англискиот свештеник Кевин Холдсворд со својата изјава предизвикал вистинска бура во англиската јавност откако во негова молитва рекол дека христијаните треба да се молат британскиот принц Џорџ да стане геј, за да ја примора англиската црква да ги легализира истополните бракови.
– Верници, молете се Господ да го благослови Џорџ, синот на војводата и војводката од Кембриџ, кога ќе порасне да пронајде љубов во фин и млад господин, гласела неговата несекојдневна молитва која очекувано, наишла на бура реакции од англиската јавност.
Тој објаснил дека очекува кралката свадба за околу 25 години да биде помеѓу двајца мажи, што би било единствен начин Обединетото Кралство да ги легализира истополните бракови.
На оваа изјава брзо стигнала и реакција од Бакингемската Палата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.