| четврток, 6 декември 2018 |

Матераци: Бенитез е слабак

Поранешниот стопер на Интер и италјанската фудбалска репрезентација нема високо мислење за неговиот поранешен тренер Рафа Бенитез.
Матераци помина 10 години во Интер и со овој клуб освои се што можеше да се освои, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во периодот кога тренер беше Жозе Мурињо.
Во период од 10 години одреден период на клупата на Интер седеше и шпанскиот тренер Рафа Бенитез.
Тој преку твитер објасни зошто нема високо мислење за Бенитез.

– Да сум претседател на клуб никогаш не би го запослил. Големи тренери како што се Марчело Липи или Жозе Мурињо знаат како своите замисли да ги пренесат во соблекувалната. Тоа не е случај кај Бенитез. Тој секогаш написмено разговараше со играчите, како да се во училиште. Во Интеровиот тренинг клуб на ѕидовите се наоѓаат фотографиите на најуспешните тренери на клубот, од Херера преку Манчини до Мурињо. На Бенитез тоа не му се допадна и нареди да се тргнат сликите од Жозе што покажува за каква слаба личност станува збор – изјави Матераци преку твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top