В среда, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“. Праизведен е во Париз во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во „Жизел“ – на 5 февруари ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска во насловната улога, Алберт: Бобан Ковачевски, Хиларион: Игор Веланоски, Мирта: Марта Петкова (Примабалерина – Софија), „Па де де“: Ангела Велевска и Јан Кисилев, Оружоносец: Драган Пандиловски .
Настапуваат: Комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), додека диригент е Бисера Чадловска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.