| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-мун: Блиску сме до обновување на преговорите за кипарскиот проблем

Munich Security CenferenceМногу сме блиску до обновување на преговорите за решавање на кипарскиот проблем, изјави во Минхен генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.
Тој рече дека неговиот советник за Кипар Александар Даунер води разговори со лидерите на грчката и турската заедница на островот, за да им помогне да постигнат согласност во врска со заедничката декларација, која треба да биде добра основа за преговорите.
– За жал, овие преговори беа прекинати поради смената во владата во грчката заедница, а потоа се разви економската криза, објасни Бан Ки-мун.
Тој тврди дека двајцата лидери постигнале согласност по повеќето прашања и сега треба со помош на Даунер да ги решат и преостанатите разлики.
Бан истакна дека лично е во постојан контакт со двајцата лидери, како и со земјите гаранти на безбедноста на Кипар – Грција и Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top