Многу сме блиску до обновување на преговорите за решавање на кипарскиот проблем, изјави во Минхен генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.
Тој рече дека неговиот советник за Кипар Александар Даунер води разговори со лидерите на грчката и турската заедница на островот, за да им помогне да постигнат согласност во врска со заедничката декларација, која треба да биде добра основа за преговорите.
– За жал, овие преговори беа прекинати поради смената во владата во грчката заедница, а потоа се разви економската криза, објасни Бан Ки-мун.
Тој тврди дека двајцата лидери постигнале согласност по повеќето прашања и сега треба со помош на Даунер да ги решат и преостанатите разлики.
Бан истакна дека лично е во постојан контакт со двајцата лидери, како и со земјите гаранти на безбедноста на Кипар – Грција и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа