Невреме со снег и смрзнат дожд предизвика дефекти во електродистрибутивниот систем во Словенија, поради што без струја останаа околу 88 илјади лица во југозападните делови на земјата.
Службите на словенечката електродистрибуција работат на отстранување на дефектите.
Од студениот бран кој се шири во Словенија од југозападен правец, најтешко се погодени реоните околу Постојна и Пивка, но и делови во околините на Љубљана и Марибор.
Поради невремето во прекин е и железничкиот сообраќај на пругата Крањ-Јесенице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.