| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Ако СДСМ е подготвен за дебакл на овие и на наредните избори, нека расчисти со Црвенковски

– СДСМ има проб­лем ка­ко да има авто­и­му­но за­бо­лу­ва­ње. И ко­га не­ма проб­ле­ми и не­при­ја­те­ли од ниг­де-ни­ка­де си ги соз­да­ваа вна­тре, во рам­ки­те на стру­кту­ра­та на сво­ја­та пар­ти­ја. Пог­лед­не­те го вие ВМРО-ДПМНЕ. Во си­те овие осум го­ди­ни да­ли из­ле­зе ед­на вна­треш­на прес­ме­тка? Да­ли из­ле­зе еден вна­тре­шен конф­ликт? Сè се др­жи вна­тре во кру­гот на пар­ти­ја­та. СДСМ без раз­ли­ка да­ли е на власт или во опо­зи­ци­ја, ме­ѓу се­бе има прес­ме­тки. Тоа е ре­зул­тат на двор­ски­те игри што по­сто­јат вна­тре, на оз­бо­ру­ва­ња­та што ги има, кои трг­ну­ва­ат од са­ми­от врв на пар­ти­ја­та и се ши­рат на­до­лу кон членс­тво­то. И, нор­мал­но, ка­ко ре­зул­тат на тоа се соз­да­ва­ат ани­мо­зи­те­ти или пре­го­ле­ми са­ка­ња кон одре­де­ни ка­дри во пар­ти­ја­та и, со­се­ма оче­ку­ва­но, до­а­ѓа до ва­кви под­во­ју­ва­ња. Мо­е­то раз­мис­лу­ва­ње е де­ка За­ев и Ше­ке­рин­ска ќе вле­зат во конф­ликт со лу­ѓе­то на Бран­ко Цр­вен­ков­ски и де­ка след­ни­от конф­ликт ќе би­де ме­ѓу За­ев и Ше­ке­рин­ска – вели Стевче Јакимовски во интервју за неделникот „Република“, коментирајќи ги актуелните случувања во СДСМ.

Тој е убеден дека те­шко де­ка не­кој лес­но ќе мо­же да рас­чи­сти со Цр­вен­ков­ски бидејќи во тој случај мно­гу би ја ос­лаб­нал пар­ти­ја­та.

Цр­вен­ков­ски има свои фа­но­ви и под­др­жу­ва­чи, без раз­ли­ка да­ли во пар­ти­ја­та или над­вор од неа. Ако СДСМ е под­го­твен за де­бакл на овие из­бо­ри, па ду­ри и на на­ред­ни, то­гаш мо­же да вр­ши та­кво рас­чи­сту­ва­ње. Ако не е, не­ка ги  гол­та кнед­ли­те што ги сер­ви­ра Цр­вен­ков­ски. Дел од членс­тво­то, од ка­дри­те во ви­со­ка­та по­ли­ти­ка, нор­мал­но де­ка ќе пра­ват оп­струк­ции и ќе пра­ват бој­ко­ти во из­бо­ри и во функ­ци­о­ни­ра­ње­то на пар­ти­ја­та и тоа ќе ѝ но­си ште­та на це­ла­та пар­ти­ја. Сепак убеден е дека Црвенковски не цели на пре­тсе­да­телската функција во СДСМ туку целта е тр­га­ње на За­ев и поставување чо­век на Бран­ко Цр­вен­ков­ски – коментира Јакимовски.

(Целото интервју со Стевче Јакимовски можете да го прочитате во 74. број на неделникот „Република“, кој е во продажба од денеска, 31 јануари)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top