Поранешниот српски преседател и екс-лидер на опозициската Демократска партија (ДС) денеска соопшти дека поднел оставка на местото почесен претседател на партијата и дека повеќе не е нејзин член.
На прес-конференција во Белград, Тадиќ изјави дека се решил на ваквиот чекор, поради одлуката на ДС да преговара за соработка со Новата партија (НС) на поранешниот српски премиер и некогашен демократ Зоран Живковиќ.
– Решив да истапам од членство во ДС и да дадам остава на местото почесен претседател затоа што во политичкиот блок околу ДС се враќаат луѓе кои и го донесоа епитетот на аферашка и корумпирана партија – изјави Тадиќ.
Последниве денови некои српски весници објавија дека на претстојните парламентарни избори Тадиќ ќе настапи со политички блок наречен Демократски фронт, во кој би учествувале повеќе опозициски партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.