Истакнатиот професор д-р Елизер Папо, директор на Центарот за ладино култура „Моше Давид Гаон“ при Универзитетот „Бен Гурион“ во Бар Шева, Израел денеска ќе одржи предавање во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Папо е признат истражувач, преведувач, лингвист и професор во светски рамки, а ова е негово прво гостување во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Тој ќе одржи две предавања, првото е на тема „Сефарди: Портрет во неколку потези“, а второто е насловено „Вовед во еврејската света книжевност“.
Овие предавања се отворени за сите кои се заинтересирани за сефардската култура и традиција, а се во рамки на одбележување 70 години од депортацијата на евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
МСУ: Предавање на Рикардо Пасони, директор на Галеријата на модерна и современа уметност во Торино


