| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска предавање за сефардите во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите

Истакнатиот професор д-р Елизер Папо, директор на Центарот за ладино култура „Моше Давид Гаон“ при Универзитетот „Бен Гурион“ во Бар Шева, Израел денеска ќе одржи предавање во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Папо е признат истражувач, преведувач, лингвист и професор во светски рамки, а ова е негово прво гостување во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Тој ќе одржи две предавања, првото е на тема „Сефарди: Портрет во неколку потези“, а второто е насловено „Вовед во еврејската света книжевност“.

Овие предавања се отворени за сите кои се заинтересирани за сефардската култура и традиција, а се во рамки на одбележување 70 години од депортацијата на евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top