| четврток, 6 декември 2018 |

Гасификацијата ќе значи добивка и за стопанството и за граѓаните

gasifikacija-opstina-bac-dusan-bajatovic-1328585176-66902

Новиот проект за гасификакција на скопскиот регион, кој беше најавен вчера, според деловната заедница ќе има повеќекратно значење како за стопанството, така и за домаќинствата.

– Во Сојузот на стопански комори на Македонија сме сигурни дека на овој начин ќе имаме поевтин енергент, кој ќе се должи на поголемиот обем, односно количина на гас кој ќе биде користен во државата, а исто така ќе се обезбеди и подолгорочна енегетска стабилност бидејќи ќе имаме и други алтернативни извори за енергија – изјави извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија Митко Алексов.

Тој нагласи дека од аспект на стопанството значаен е инфраструктурниот дел, кој ќе почне да се реализира и каде ќе бидат вклучени компании од градежниот сектор и од другите 25 сектори што учествуваат во овие проекти заедно со градежниот.

Според Алексов, заштедата ќе биде индивидуална од компанија до компанија, а најголема ќе биде кај поголемите потрошувачи од металниот сектор и преработувачите на храна.

Очекува да се намали и цената со зголемување на количината на гас што ќе се троши и инфраструктурата што треба да се изгради.

Гасификацијата, како што рече Алексов, ќе придонесе за поголема рентабилност и поголема продуктивност во работењето на компаниите и нивна поголема конкурентност на пазарот со поевтини финални производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top