| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Долгоочекуваната гасификација го дочека денот за реализација

Долгоочекуваната гасификација во земјава конечно го дочека денот кога ќе почне да се реализира, рече денеска Коце Трајановски, член на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Голема е честа да се биде дел од политичка гарнитура која неуморно и непречено прави се за да помогне на граѓаните на Република Македонија и ја води земјата на прав пат. Денес, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се случуваат едни од најголемите и најсериозни проекти кои ќе останат запаметени во Македонија. Запаметени затоа што се во корист на граѓаните. Долго очекуваната гасификација на Република Македонија го дочека денот кога ќе започне да се реализира. Скопје и скопскиот регион дочекаа да се започне со реализација на проектот за гасификација“, рече Трајановски.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, рече тој, ја поздравува најавата на премиерот Никола Груевски со која Владата го започнува овој комплексен и многу значаен проект за развојот на Република Македонија.

„Гасификацијата е проект кој ќе ја опфаќа целокупната територија на Република Македонија и ќе биде изведен според цврсти планови и програми. Освен склучувањето на договорот за снабдување со гас од Руската Федерација, неопходни беа дополнителни мега проекти кои треба да овозможат гасификацијата да заврши успешно. Средување на имотно правни и земјишни односи и правење на многу анализи, беа дел од подготовките за реализација на овој проект. Преку проектот за гасификација на Република Македонија се предвидува гасифицирање на трите региони во земјата, започнувајќи со скопскиот. За таа цел Владата најави дека во следните неколку дена планира да распише повик кој ќе трае до  25. Мај 2014, со кој треба да се склучи  договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во скопскиот регион“, појасни Трајановски.

Многу политичари, како што рече тој, го најавувале овој проект, но досега ниту еден не ја започнал неговата реализација.

„Како дел од ВМРО-ДПМНЕ горд сум што токму оваа Влада се исправи пред предизвикот и реши долго најавуваната гасификација да се претвора во реалност. Реалност, од која најголеми придобивки ќе имаат токму граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека има капацитет и амбиции да се зафаќа со најголемите предизвици на оваа земја, така ќе продолжи и понатаму. Ништо не е тешко и невозможно ако единствена цел е развојот на Република Македонија и решавање на проблемите на граѓаните без разлика колку комплексни се тие“, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top