Фудбалерите на Манчестер сити во Лондон ја совладаа екипата на Тотенхем со резултат 1-5, додека Челси на „Стемфорд бриџ“ одигра без голови против Вест хем во 23. коло од Премиер лигата.
Сити продоложи со неверојатната голгетерска доминација во Премиер лигата, а по ова коло го презеде врвот на тебалата со бод повеќе од Арсенал и три повеќе од Челси.
Манчестер поведе со голот на Агуеро во 15. минута по асистенција на Силва, а со тој резултат отиде на пауза. Во продолжение на натпреварот, Роуз го собори Џеко во казнениот простор и поради тоа заработи црвен картон, а сигурен од белата точка беше Јаја Туре. Три минути подоцна Џеко го зголеми резултатот на 0-3. Надежта на Тотенхем ја врати Капуе во 59. минута, но само накратко бидејќи Јоветиќ со неговиот првенец во Премиер лигата во 78. ја запечати победата со прецизен удар во спротивниот агол. Конечниот резултат го постави Компани на самиот крај на натпреварот.
Во другиот дел на Лондон, Челси се мачеше против екипата на Вест хем и на крајот не успеа да дојде до сигурни бодови.
Во дербито во Бирмингам, Астон вила со пресврт ја совлада екипата на ВБА со резултат 4-3, додека, пак, Сандерленд беше подобар од Стоук 1-0.
Во вторникот:
Ливерпул – Евертон 4:0
Манчестер јунајтед – Кардиф 2:0
Норвич – Њукасл 0:0
Саутемптон – Арсенал 2:2
Свонси – Фулам 2:0
Кристал Палас – Хал 1:0.
Табела: Манчестер сити 53 бодови, Арсенал 52, Челси 50, Ливерпул 46, Тотенхем 43, Евертон 42…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.