| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Ахмети ми рече дека консензуалниот претседател треба да биде Македонец

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во интервју за албанската телевизија „Њуз 24“, зборувајки за претседателските избори и за можните предвремени парламентари избори во Македонија, изјавил дека самиот Али Ахмети му рекол оти консензуалнитот кандидат за претседател на државата треба да биде Македонец.

 

тачи

Њуз 24: Фактички лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се изјаснил за еден консензуален кандидат кој ќе ги претсатви сите етнички заедници. Зошто сте вие против?

Тачи: Да, но тој треба да биде Македонец.

Њуз 24: Што значи тоа?

Тачи: Така ми има кажено мене самиот Али Ахмети.

Во врска со предвремените парламентарни избори, Тачи изјавил дека тие зависат од тие што се на власт.

Њуз 24: Дали ќе има предвремени парламентарни избори во Македонија? Дали вие сте за одржување на тие избори?

Тачи: Тоа зависи од тие што ја сочинуваат власта. Нормално, како лидер на албанската опозиција, ако албанската партија што е на власт сака избори и јас сум за избори, но не сакам со заткулисни игри да се договорам со некој за да му помогнам да распише предвремени избори.

Во случај да има предвремени избори, Тачи верува дека може да ги добие.

Тачи: Верувам дека можам да ги добијам, но многу сум внимателен и не сакам да се остави впечаток дека сакаме да ги добиеме изборите поради власт. Ако нашиот конкурент ДУИ е заинтересиран за предвремени избори, се согласувам да излеземе на избори и мислам дека ќе ги добиеме, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за албанската телевизија „Њуз 24“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top