54-годишен Србин е осомничен дека и го скршил вратот на сопствената мајка за да си ги отплати коцкарските долгови.
Според податоците од српските медиуми, се работи за 54-годишниот Зоран Л. кој ја претепал мајка си до смрт, а последниот удар бил фатален, кога тој најверојатно со колено ја удрил во вратот и и го скршил, при што таа им подлегнала на повредите на местото на настанот.
Како што пренесува Блиц, иако Зоран не го признава убиството, полицијата открила дека тој се коцкал и имал големи долгови кои не можел да ги врати. Тој побарал од својата мајка да го продаде станот и се што имаат за да може да се спаси, но таа го одбила, при што тој се разбеснил и ја претепал до смрт.
Соседите и пријателите велат дека бил мирен човек и дека немале семејни проблеми. Никој од нив не знаел за неговиот коцкарски долг.
Зоран од друга страна, вели дека неговата мајка умрела од природна смрт и дека тој не е виновен. Полицијата сеуште го истражува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.