Марина Мијаковска од Скопје ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“ за поетската книга „Психоаналитичка алхемија од страсти“ во издание на „Караманови средби“ од Радовиш.
Наградата ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје, а ќе биде врачена на претстојниот „Фестивал на чајот и читањето“, кој ќе се одржува од 4 февруари до 8 март оваа година во Културниот центар „Феникс“.
Жирито во состав: Славчо Ковилоски (претседател), Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески (членови), ја издвои и награди оваа поетска книга поради нејзината специфичност, иновативност и оригиналност. За истата книга Марина Мијаковска неодамна ја доби и наградата „Ацо Караманов“.
Наградата „Македонска книжевна авангарда“ е востановена минатата година, кога ја доби поетесата Елена Пренџова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


