| четврток, 6 декември 2018 |

Марина Мијаковска добитничка на наградата “Македонска книжевна авангарда”

Марина Мијаковска од  Скопје ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“ за поетската книга „Психоаналитичка алхемија од страсти“ во издание на „Караманови средби“ од Радовиш.

Наградата ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од  Скопје, а ќе биде врачена на претстојниот „Фестивал на чајот и читањето“, кој ќе се одржува од 4 февруари до 8 март оваа година во Културниот центар „Феникс“.

Жирито во состав: Славчо Ковилоски (претседател), Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески (членови), ја издвои и награди оваа поетска книга поради  нејзината специфичност, иновативност и оригиналност. За истата книга Марина Мијаковска неодамна ја доби и наградата „Ацо Караманов“.

Наградата „Македонска книжевна авангарда“ е востановена минатата година, кога ја доби поетесата Елена Пренџова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top