Заем во висина од 97 милиони евра и додели Управниот одбор на Банката за равој на Советот Европа на Република Македонија, јавува допсиникот на МИА од Стразбур.
Заемот, како што информира амбасадорот на Република Македонија при постојаната мисија на Република Македонија во Советот на Европа, Петар Поп Арсов, е доделен по барање на македонската влада, а треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и подобар пристап до него.
Заемот ќе треба да биде искористен и за реновирање на клиниката „Мајка Тереза“ од Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип.
Овие проекти ќе го прошират пристапот до здраствените услуги и нивен поголем квалитет, со подобрување на условите за работа на околу 2.000 вработени во овие здрастевни установи.
Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална банка за развој посебно на социјален план. Таа беше создадена во 1956 година како одговор на проблемот со бегалците, таа потоа се прилагоди на еволуцијата на социјалните потреби на општествата и зајакнувањето на нивната социјална кохезија.
Заемите на ЦЕБ за проектите предложени од 41 земји членки се даваат по многу поволни услови и тие се следат во нивното извршување од страна на Банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



