| четврток, 6 декември 2018 |

Започна реконструкцијата на ученичкиот дом во Кавадарци

spiro-ristovski-1

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски преку социјалните мрежи информираше дека Министерството за образование и наука ги започна активностите за реконструкција на ученичкиот дом “Крсте Петков Мисирков“ во општина Кавадарци.
Се работи за инвестиција во вредност од 5 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за сместување и престој на учениците во овој ученички дом. Реконструкцијата на објектот ќе биде целосно завршена во текот на летниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top