„Пепси“ ги откри деталите за нивната суперстар фудбалска екипа за 2014 година, здружувајќи заедно незамисливо богатство од интернационален талент за да ја креираат најкапацитетната, мултиталентирана и култна формација што е некогаш направена.
Деветнаесет најдобри светски играчи, кои се простираат на пет континенти и речиси 20 држави, се здружуваат со „пепси“ за да ги инспирираат фановите низ целиот свет за да „живеат за денес“ во 2014 година. Фудбалската ѕвезда – рекордер Лионел Меси, аргетинскиот интернационален напаѓач Серхио Агуеро и младиот британски талент Џек Вилшир ќе бидат придружувани од бразилскиот одбранбен играч Давид Луиз, продуктивниот голгетер Робин Ван Перси и големиот Шпанец Серхио Рамос, како дел од глобалната формација на „пепси“.
Овие супершест ќе бидат зајакнати со дополнителни големи фудбалски имиња од светот кои ќе ги претставуваат нивните земји, вклучувајќи ги: Хуан Гуилермо Куадрадо (Колумбија), Клинт Демпси (САД), Тарик Елјунуси (Норвешка), Мајнор Фигуероа (Хондурас), Марио Гомеш (Германија), Винсент Компани (Белгија), Кемар Лоренс (Јамајка), Виктор Мозес (Нигерија), Петер Осазе Одемвинги (Нигерија), Орибе Пералта (Мексико), Андриј Пјатов (Украина), Мохамед Салах (Египет) и Гилфи Пор Сигурдсон (Исланд).
– Фудбалот беше моја пасија уште додека бев дете и е дефинитивно една од работите за кои живеам денес. Горд сум што сум партнер на „пепси“ повторно и ја претставувам марката на глобално ниво како дел од овој ѕвезден тим – изјави четирикратниот играч на годината и капитен на репрезентацијата на Аргентина, Лео Меси.
Пред најавата, играчите се огласија на социјалните медиуми за да се открие целосната листа во возбудлива дигитална трка која стигна до фановите низ целиот свет. Давид Луиз, премиерлигаш од Челси и заменик-капитен на бразилската репрезентација, коментира:
– Навистина сум возбуден за здружувањето со „пепси“ и горд што сум дел од ваков одличен тим. За мене, играњето фудбал претставува искористување на секоја секунда на теренот до максимум и покажување на својата љубов и карактер за играта – и за фановите. Одвај чекам да им се придружам на фановите од целиот свет и да ја прославиме големата година за фудбалот.
Глобалната најава за играчите, исто така, лансираше серија возбудливи годишни активности, како дел од фудбалската кампања на „пепси“ за 2014 година. Не само што играчите ќе учествуваат во глобалната телевизиска реклама на „пепси“, која ќе биде објавена во текот на годината, туку ќе бидат и дел од ограниченото, атрактивно издание на амбалажите низ целиот свет, дизајнирано да го долови нивниот ентузијазам за играта.
Специјалното пакување со глобалните играчи на „пепси“ ќе се појави на пазарот во март, додека интеграцијата со музиката, уметноста, дигиталната технологија, интерактивните искуства и дополнителните специјални продукти ќе биде откриена во текот на годината.
Низ годините, фудбалот претставуваше важен двигател во развојот на „ПепсиКо“, со активирање стабилни програми за глобалните пијалаци, како и за марките храна на групацијата во 2014 година.
Кристин Патрик, шеф на маркетинг на „Пепси глобал“ коментира:
– „Пепси“ имаше интересна врска со фудбалот во изминатите 15 години. Во нашето последно појавување ја здруживме најимпресивната формација досега, составена од играчи кои навистина го отсликуваат духот на нашата марка и нѐ возбудуваат секогаш кога ќе стапнат на теренот. Нашите играчи знаат како да живеат за моментот и низ годината ќе соработуваме со нив за да им дадеме на нашите фанови возбудливи содржини, производи и искуства – да ги доближиме фановите поблиску до играта која ја сакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.