Директорката на „Пепси“ Индира Нуји изјави дека компанијата отишла предалеку во промоцијата на нискокалорични пијалоци.
Оваа изјава доаѓа по објавата на резултатите од продажбата на газираните пијалоци во првите три месеци.
На пазарот на Северна Америка компанијата за три месеци забележила пад на газираните пијалоци за 3,4 отсто на годишно ниво односно 5,3 милиони долари.
Според зборовите на директорката, компанијата ова лето многу пари вложила за огласување и промоција на помалку или нискокалоричните марки на штета на главниот пијалок.
И покрај падот на продажбата, нето добивката ги надминала очекувањата на аналитичарите и скокнала осум отсто на 2,14 милијари долари или 1,49 долари по акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Училишната година почна со танц на шипка, директорката доби отказ (видео)
-
Пет години тортура: Психијатарка присилно ја лечела од лезбејство
-
Директорката на УЈП во работна посета на бугарската НАП
-
Бизарно: Директорката на Етнографскиот музеј му направила свадба на синот – во Етнографскиот музеј (ФОТО)