Со изложбата „Генерации“, која ќе биде отворена утре во 20 часот, ќе почне да работи нов галериски простор – „Арте“.
Изложбата „Генерации“ е сочинета од дела на 18 претставници од повеќе генерации на македонското современо сликарство, секој преставен со по едно дело. Никола Мартиноски, Вангел Коџоман, Димитар Кондовски, Миле Корубин, Ванчо Ѓеоргиев, Јован Петров, Ана Темкова, Ацо Ритески, Доне Миљановски, Свето Манев, Рубенс Корубин, Данчо Кал’чев, Стефан Хаџи-Николов, Станко Георгиев, Ванчо Јаков, Горјан Ѓеоргиев, Анета Ивановска и Михаил Корубин.
Галерискиот простор на „Арте“ е замислен за организација на изложби, настани и продажба на уметнички дела од сите генерации на македонското модерно сликарство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


