| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска повторно снег

mksneg

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремено паѓање снег, на некои пониски места и дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел ќе паѓа дожд. Врнежите во западните и во јужните делови ќе бидат пообилни (локално над 20 литри на метар квадратен). Во поголемиот дел од земјата ќе се формира нова снежна покривка, која ќе биде позначителна во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од минус два до пет степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до три степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top