МЗТ Скопје Аеродром ја направи најголемата сензација во 18. коло на АБА-лигата со победата над шампионот на Србија и учесник во Евролигата – Партизан.
Иако Партизан водеше сѐ до третата четвртина, МЗТ Скопје со одлична игра во одбраната и со смирена игра во нападот на крајот славеше со 73:67.
Најефикасен беше Тодор Гечевски со 19 поени и со 13 скока, а еден од најзаслужните за победата на македонскиот шампион беше Лучиќ, кој со една тројка и 4 поени во завршницата ја обезбеди победата на МЗТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


