| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУЛЕКС го уапси Оливер Ивановиќ – кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица

oliver

Во северниот дел на Косово е во тек акција на ЕУЛЕКС во која е уапсен кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица и лидер на Српската листа за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, јави агенцијата Танјуг.

Портпаролот на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ, потврди дека е во тек акција во Северно Косово, без да соопшти други детали за што станува збор и не споменувајќи имиња.

Во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина, исто така, е потврдено дека се спроведува акција, но не се даваат повеќе информации за нејзината цел и дали е некој уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top