Во северниот дел на Косово е во тек акција на ЕУЛЕКС во која е уапсен кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица и лидер на Српската листа за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, јави агенцијата Танјуг.
Портпаролот на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ, потврди дека е во тек акција во Северно Косово, без да соопшти други детали за што станува збор и не споменувајќи имиња.
Во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина, исто така, е потврдено дека се спроведува акција, но не се даваат повеќе информации за нејзината цел и дали е некој уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.