Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, денеска, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до сите граѓани на Република Македонија припадници на српската заедница.
– Дозволете ми, од мое лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да Ви упатам најискрени честитки по повод големиот православен празник Свети Сава со желби за добро здравје, спокој, мир и благосостојба – се вели во честитката.
Лидерот на СДСМ, исто така, посака заедничкиот соживот да биде поттик за создавање општество кое ќе обединува. Средина на среќни граѓани, кои својата иднина ќе ја градат во Република Македонија и со пиетет ќе се однесуваат кон различностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.