| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „ДЛУМ Графика“ утре во АРМ

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија утре во 20 часот во галерискиот простор при Домот на Армијата ќе се оддржи отворањето на изложбата „ДЛУМ Графика“. На отворањето на изложбата Уметничкиот Совет на ДЛУМ ќе ја додели наградата за најуспешно дело.

Во изминативо 30тина години,  преку годишната графичката изложба, ДЛУМ континуирано продолжува да го следи и негува графичкиот ликовен развој во Македонија. Иако графиката се смета за исклучително стар ликовен медиум, на нашите простори таа нејзиниот развој го бележи некаде во 50/60ти години, за да во 1971 година ДЛУМ ја направи и првата графичка изложба,  а ликовниот уметник Томислав Крмов го награди за најдобра графика.

Од тогаш па се до денес, преку традиционалните техники на високиот и длабокиот печат, денес веќе и се почестата уптотреба на дигиталното печатење, својот авторски придонес го втиснале голем број на ликовни уметници, правејќе ја оваа манифестација значајна на ликовната култура во Македонија.

Како и на досегашните  и оваа 31-ва графичка изложба на ДЛУМ, изобилува со модерни и современо размислување пренесено на графички лист, носејќи го сопствениот печат на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top