| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија се закити со бронза на ЕП во ракомет

Репрезентацијата на Шпанија го освои третото место и бронзениот медал на Европското првенство во Данска откако во „малото финале“ одиграно поладнево ја совлада Хрватска со 29:28.

По три сребрени медали, ова е прва бронза за „црвената фурија“ на континенталните собири.

Актуелниот светски првак до победата стигна искористувајќи ги грешките на противникот кој во клучните моменти кога бркаше нерешен резултат им подари неколку топки. Како решавачка се покажа предноста од три гола по првиот дел кој заврши 16:13. Во вторите 30 минути Хрватите се доближија, но не успеаја да направат целосен пресврт.

Најефикасни во победничката репрезентација беа Канељас со 8 и Агинагалде со 7 погодоци. Кај Хрватска се истакна Дувњак со 8 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top