Хрватската машка ракометна репрезентација не уеа да се пласира во финалето на Европското првенство во Данска. Во полуфиналето во Хернинг, Хрватска изгуби од домаќинот и бранител на титулата Данска со 27-29 (15-13).
Славко Голужа речиси заплака на конференцијата за новинарите и во еден момент мораше да ги мораше да ги запре солзите:
– Домаќинот направи се да го земе златото овде. Се им беше ним подредено, а ние живеевме како свињи во три градови! Дури кога дојдов во Хернинг за првпат се наспав. На овој натпревар моите играчи паѓаа на средина како да сме на боулинг, а не на ракомет. Пред неколку години реков дека нема да го кометирам судењето, но овојпат не можев да издржам.
Јаков Гојун во целост го поддржа Голужа и додаде дека судењето во полуфиналето било срамно и понижувачко за спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.